Мурињо во свој специјален стил по дебаклот: Пред четири недели бев во Ватикан да се молам

Екипата на Бодо Глимт приреди сензација со победата над Рома до 6:1, нанесувајќи му го најтешкиот пораз на Жозе Мурињо во кариерата.

Тренерот на Волчицата пред почетокот на средбата најави дека ќе настапи со резервниот тим, но никој не очекуваше ваков дебакл во Норвешка.

Сосема очекувано, Специјаниот имаше свое шоу на прес-конференцијата.

„Се надевам дека конечно сфативте зошто цело време играм со едни исти играчи. Едноставно, немам голем избор во составот, а ако излезев со првиот тим, ризикував евентуална повреда или премор.

Јас целосно ја преземам вината, не сакам тоа да се одрази врз ниту еден од играчите. На 3:, едноставно ја загубивме ‘главата’ и се надевам дека тоа нема да ни се повтори во иднина.

Пред четири-пет недели, кога бев во Ватикан, се молев да немам повредени во тимот, се надевам дека ќе успееме да издржиме со ова темпо и дека ќе дојдат подобри резултати во иднина“ изјави Мурињо.

И покрај поразот, Рома е во добра позиција за понатамошен пласман во Конференциската лига бидејќи има шест бода во групата „Ц“, само еден помалку од лидерот Бодо Глимт.

- Оглас -

Најнови вести