Мурињо за големиот скандал во Турција имаше една порака: „Повикајте полиција“

Португалскиот тренер Жозе Мурињо не ја пропушти шансата да го искоментира скандалот со прекинатиот меч меѓу Галатасарај и Адана. Дуелот во Истанбул беше прекинат во 30 минута откако гостите решија да го напуштат теренот поради лошото судење. Галатасарај водеше со 1:0 благодарение на голот од пенал во седмата минута.

Се очекува Галатасарај да добие службена победа и да има шест бода повеќе во однос на Фенербахче кој им е најголем ривал во трката за титулата. Токму тренерот на Фенербахче, Мурињо имаше свое видување за тоа што се случи на мечот на Галатасарај и го искажа на социјалните мрежи.

„Повикајте полиција“ беше една од песните кои ги постираше Мурињо. Неодамна Португалецот даде свој коментар за турскиот фудбал и порача. „Веќе 35 години сум во фудбалот и не сум видел вакво нешто“. Галатасарај има добиено девет пенали во своја корист во последните 10 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести