Мурињо: Зошто да ме земете да водам клуб? Па за да победувате

Жозе Мурињо веќе четири месеци е без работа. Откако доби отказ од Манчестер јунајтед, Мурињо работи како стручен аналитичар на телевизија, но како што најавува, полека започнува да се подготвува за нов предизвик. За времето поминато во Манчестер, во витрините на „Олд Трафорд“ беа донесени трофеите од Лига купот на Англија и пехарот во Лигата на Европа.

Освен во Манчестер, Мурињо со успех работеше во Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид. Со сите екипи стана национаен првак, а со Порто и Интер ја освои и Лигата на шампионите.

„Трофеите кои ги имам освојувано во минатото се доказ за мојата работа, но и доказ за успех во иднина. Дури и оние што прават сѐ за да се заборават моите успеси, свесни се дека тоа не може. Последниот трофеј што го освоив е пред година и пол, а некои мислат дека поминале 20 години. Последен пат во финалето бев помалку од една година, во ФА купот. Но тоа е минато, а сега се подготвувам за иднината“, вели Мурињо.

Португалецот потенцираше дека нема намера да се врати во Премиер лигата.

„Не верувам дека мојата следна дестинација ќе биде Премиер лигата. Тимот што ќе ме ангажира знае дека ќе добие во квалитет, знаење, искуство и неограничени амбиции. Јас знам да бидам и одвратен по некој пораз. Посебно сум одвратен кон луѓето кои имаат помали амбиции од моите. За некои играчи јас сум кучкин син, но луѓето треба да знаат дека ако сакаат да победуваат, треба да ме ангажираат мене. Ако единствен услов е победата, тогаш може да почнеме да разговараме“, додаде Мурињо, кој засега не открива кој може да биде неговиот следен клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести