Мусијала: Со Белингам од деца сонувавме да играме на големи мечеви!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, со нетрпение го чека првиот дуел против добриот пријател Џуд Белингам од Реал Мадрид од полуфиналето на ЛШ.

Двајцата се познаваат одамна, а на терен имаат играно заедно во дресот на младинска англиска селекција, додека еден против друг се среќаваа во Бундеслигата. Сега им претстои двобој во Лигата на шампионите.

„Со Џуд од деца сонуваме да играме на толку големи мечеви. Јас лично ги чекам мечевите со големо нетрпение“, вели Мусијала во интервју за шпанскиот весник „Марка“.

Баерн е домаќин на Реал во вторник, а реваншот во Шпанија е на 8-ми мај.

Мусиала кој има 21 година, порасна во Англија, и има играно со сега 20-годишниот Белингам во јуниорските селекции на Англија (У-15, У-17 и У-21). Но, потоа Мусијала избра да игра за родната Германија, па можно е еден против друг да заиграат и на Европското првенство летово.

- Оглас -

Најнови вести