Муслиу и Николов од блиску го видоа најбрзиот жолт картон во историјата (Видео)

Босанецот Армин Хоџиќ од МОЛ Види на натпреварот од унгарското првенство помеѓу Залаегершег и МОЛ, кој заврши 3-3, доби жолт картон само три секунди по почетокот на натпреварот. Соиграчи на Хоџиќ се Бобан Николов и Висар Муслиу, кои веројатно беа изненадени од потегот на нивниот клупски колега, кој без потреба веднаш по стартот на средбата сопна противнички играч пред очите на судијата.

Хоџиќ за глупоста која ја направи подоцна се извади со постигнување на голот за 2-2. Инаку, Хоџиќ е прв стрелец во унгарската лига.

- Оглас -

Најнови вести