Муслиу: Со тимска одбрана до позитивен резултат против Лалињата

Висар Муслиу како еден од столбовите во одбраната на македонската фудбалска репрезентација, вели дека против Холандија ќе мора да проработи тимската одбрана која го красеше националниот тим на Ангеловски во минатото.

„Се обидовме да извлечеме подобри резултати, жал ни е што не успеавме во тоа. Секако дека уште има желба во нас да се докажеме и во добро светло да ја претставиме нашата земја. Свесни сме дека ги преставуваме сите кои нè поддржуваат, па затоа мораме да ѝ се спротивставиме на Холандија. Знаеме колку се технички подготвени и какви ѕвезди имаат во својот тим, но единствен начин да покажеме дека заслужено сме на ова ЕП е да прикажеме врвна партија против поквалитетниот противник. Со тимска одбрана и колективност можеме да го извлечеме посакуваното од овој натпревар. Мора да ги минимизираме грешките, играта во дефанзива што досега нè красеше ни се разотрки откако противниците ги користеа сите грешки, ете толку е тешко да се игра на ЕП“, истакна Муслиу.

- Оглас -

Најнови вести