Муслиу заигра после пауза од речиси два месеци, неговиот Инголштад не прими гол

Македонскиот репрезентативен централен дефанзивец, Висар Муслиу, го одигра својот прв натпревар за Инголштад од 26-ти март наваму, и имаше успешен камбек после повредата која го мачеше речиси два месеци.

Муслиу го одигра целиот меч.

Тимот на Муслиу победи со 3-0 против Ерцгебирге Ауе, а тоа што не примија гол, е комплимент и за одбраната чиј командант е Муслиу. На едно коло до крајот, Инголштад е на 11-то место во третата германска лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести