Музафер Ејупи уапсен во Хрватска поради тепачка за паркинг

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Музафер Ејупи, кој игра за хрватскиот прволигаш Славен Белупо, бил уапсен од полицијата во Копривица под сомнение дека учествувал во тепачка и на еден 53-годишен човек му нанел тешки повреди.

Во тепачката, која се случила синоќа, учествувал и пријател на фудбалерот, а двајцата минале со полесни повреди. Причина за немилиот настан, според полицијата, е кавга поради место за паркирање.

Ејупи има настапувано за Вардар, Металург, Шкендија, Турново, а во хрватското првенство е од 2015 година. Во тек е истрагата, која треба да покаже што точно се случило и каква казна ќе добие македонскиот фудбалер. Овој инцидент ги изненадил навивачите на Славен, бидејќи Музо бил познат како семеен човек кој не е проблематичен. Но, во последно време тој игра послабо, му се намалува минутажата и можеби нервозата пораснала кај него, коментираат во хрватските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести