МВП издание на Јокиќ, мајсторија на Дончиќ, првакот се тресе откако Кари го повреди рамото (Видео)

Богатата ноќ во НБА-лигата донесе неколку занимливости, а и непријатност за шампионот Голден стејт вориорс, кој загуби од Индијана со 119-125 и остана без својот најдобар играч, кој го повреди рамото.

Кари даде 38 поени, од кои 27 во првото полувреме и јасно е зошто во Вориорс стравуваат од евентуална потешка повреда на нивната ѕвезда. Покрај тоа, Голден стејт има само две гостински победи сезонава, а следните четири меча ги игра на гости.

Никола Јокиќ уфрли 43 поени, што е негов сезонски рекорд, а додаде и 14 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки во победата на Денвер над Вашингтон од 141-128. Продолжение беше потребно за Детроит да победи против Шарлот, а Мајами погоди 24 тројки против Оклахома сити, што е клупски рекорд на Хит.

Еден од потезите на вечерта беше во изведба на Лука Дончиќ, а станува збор за атрактивна асистенција. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1603228083070197760

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести