МЗТ без Џејмс Вудард против Зрињски

МЗТ Скопје Аеродром атакот на првата гостинска победа сезонава во АБА 2 лигата ќе го имаат без услугите на бекот Џејмс Вудард, кој го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Вардар.

Првакот на БиХ, Зрињски, утре од 19 часот, ќе го пречека МЗТ во дуел од втората АБА и на македонскиот тим воопшто нема да му биде лесно, иако Зрињски ги загуби досегашните четири средби во ова натпреварување.

„Иако има скор 0-4, Зрињски сепак е квалитетен тим со искусни играчи кои зад себе имаат многу вакви мечеви и кои можат да бидат опасни буквално за секој противник. Ние ќе бидеме ослабени со неиграњето на Вудард, кој мора да паузира неколку дена. Очекувам ова да биде тежок меч со голема борба и незвеснот. Ќе решаваат ситници. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости на противникот, како во одбрана така и во нападот и дека ќе дојдеме до победа, која за нас ќе биде од исклучително големо значење“, вели Кочов.

Вудард е играч со најголема минутажа во тимот, играч со најмногу погодени тројки и најмногу освоени топки, па отсуството може да биде проблем.

МЗТ Скопје во моментов е на на третата позиција со учинок 3-1. Член на Зрињски е екс играчот на МЗТ, Борис Бакиќ, таму е крилниот центар Тодоровиќ кој во дел од минатата сезона беше во Гостивар, а познати играчи им се и Шутало и Рамљак на кои да им се обрати внимание во одбраната.

- Оглас -

Најнови вести