МЗТ гостува кај еден од двата тима кои ги победи во АБА лигата, може ли повторно да се радува?

МЗТ Скопје Аеродром е големо разочарување во регионалната АБА лига. Македонскиот тим кој неколку години чекаше да игра во елитното друштво, сезонава игра очајно, па не случајно е последен на табелата со само две победи од 16 кола. Игокеа која е најблиску до МЗТ има три победи повеќе што значи дека само теорија може да го спаси македонскиот првак од испаѓање во АБА 2.

За да се надева дека постои шанси за спас, МЗТ Скопје Аеродром вечерва треба да се обидат да победат на гостувањето во Подгорица против Дерби Студентски Центар. Тоа е една од двете екипи против кои аеродромци сезонава се израдуваа во АБА, откако во „Јане Сандански“ победија со 92:79.

Сепак, сега црногорскиот тим е голем фаворит за победа. Студентски Центар има седум победи сезонава и се бори за место во четвртфиналето од разигрувањето, што значи дека домаќините имаат големи мотиви да победат.

Во Sport Life, хендикепот е на 9,5 поени, што значи дека некои проценки се дека Студентски центар треба да победи со двоцифрена разлика. Доколку верувате дека не е така и дека МЗТ има сили за изненадување, квотите се одлични.

- Оглас -

Најнови вести