МЗТ има динамика во победите, освоен е и Белград

МЗТ Скопје Аеродром му е реваншираше на Динамик за ланскиот пораз во салата „Ранко Жеравица“ во Нов Белград, и со вечерашниот триумф од 92-82, докажа дека е во добра форма, и после два гостински порази во АБА 2 лигата, им се врати на победите. Македонскиот првак клучната разлика ја направи во првите минути од последната четвртина.

Џабари Хиндс со 22 поени и 13 асистенции, беше најкорисен поединец кај МЗТ, а во победничкиот тим се истакнаа уште Бојан Крстевски со 21 поен, Дамјан Стојановски со 19 и Ерон Херис со 16 поени.

„Металците“ потфрлија во скокот, собраа само 22 топки под обрачите, но погодија 13 тројки од 24 обиди. Во следното коло во региопналната лига, МЗТ на 4 декември игра дома со Нови Пазар. Сега после девет кола, МЗТ има седум победи и два порази.

- Оглас -

Најнови вести