МЗТ има нова шанса да се врати во АБА-лигата!

МЗТ Скопје Аеродром доби нова шанса да се врати во АБА-лигата, односно новата сезона да ја почне во најелитното јадранско првенство. Словенечкиот клуб Приморска е на прагот да згасне поради финансиска криза, па токму тоа место би требало да го пополнат Штрковите.

Екипата од Копер и натаму е заглавена во долгови, иако најавуваа дека ќе се најде спонзор да се подмират сметките, при што беа вметнати во распоредот за сезоната 2020/21, чијшто старт е одреден за 2 октомври. Денеска Приморска официјално го откажа учеството на Суперкупот на Словенија бидејќи немаат комплетирано екипа, па на нивно место во Крањ на 17 септември наместо Приморска, ќе игра Крка.

Тоа не се случи, квалитетните играчи си заминаа без да се доведат нови засилувања, по што прашање на време е кога од Приморска и официјално ќе прогласат банкрот.

МЗТ како третопласиран во минатата прекината сезона ја има улогата на прва резерва, која многу веројатно ќе ја искористи во оваа  ситуација и ќе се врати во елитата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести