МЗТ на мегдан во „Мејдан“, квотата за победа на Штрковите е 1.45

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва од 19 часот гостува кај Слобода Тузла, а кај Штрковите владее умерен оптимизам пред дуелот со претпоследниот тим на табелата во Втората јадранска лига.

МЗТ во првото коло ја победи Слобода во Скопје со 110-88, но сега тимовите имаат и некои нови играчи, а дека нема да му биде лесно на македонскиот првак, босанскиот тим предводен од тренерот Дамир Мулаомеровиќ покажа минатото коло, кога во салата „Мејдан“ го победи Спарс.

„Слобода е млад и атлетски добро поткован тим. За разлика од првиот меч во Скопје, сега тие имаат двајца Американци, го купија и искусниот Рикиќ. Знаеме дека ова ќе биде исцрпувачко гостување, но очекувам вистинска рекција од моите кошаркари. Два бода секогаш се повеќе од еден и ќе дадеме максимум да стигнеме до нив“, најавува тренерот Ѓорѓи Кочов.

Заморот е најголемиот проблем на МЗТ, но квалитетот е на нивна страна и ако покажат што знаат, би требало да победат и да се задржат на второто место на табелата. Ако верувате во МЗТ, уплатете во Sport Life, квотата за двојка е 1.45.

- Оглас -

Најнови вести