МЗТ покажа дека знае да победи и во продолжение

Нов неизвесен меч за МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, но овојпат со среќен крај за македонскиот тим. Во салата „Јане Сандански“ МЗТ го победи Ловќен со 100:90 но дури по продолжение од пет минути. Во регулраниот дел, средбата заврши 79:79.

Ова е втор дуел по ред на кој МЗТ игра продолжение. По поразот на гостувањето кај Приморска, овојпат играчите на МЗТ покажа дека знаат како да одиграат во решавачките моменти. Откако во поголемиот дел од регуларните 40 минути бркаа предност на гостите, МЗТ во продолжението започна силовито и брзо стигна до предност од 89:82, па беше јасно дека победата ќе остане за „штрковите“.

Медфорд со 24 поени беше најефикасен кај МЗТ, а со двоцифрен број поени завршија и Вудард (17 п.), Младеновски (14 п.), Иванов (13 п.) и Бојиќ (12 п.). За МЗТ Скопје ова е трета победа во четвртото коло и потврди дека ќе биде еден од конкурентите за враќање во првата АБА лига.

Мечот против Ловќен започна неизвесно и двете екипи се менуваа во водство. Во 5 минута, МЗТ имаше предност од 13:12, а во следните три и пол минути гостите со серија од 8:0 стигнаа до првото солидно водство (20:13), а на полувреме беше 24:19 за гостите. Во втората четвртина „штрковите“ постојано бркаа негатива. Стигнаа до 36:37 во 17 минута, но не поведоа, па гостите од Црна Гора на полувреме заминаа со два поени предност (45:43).

На почетокот на третата четвртина, МЗТ додеј во водство 48:45, а предноста ја сочува до 53:52 (24 минута). Потоа нешто слично како во првата четвртина. Ловќен со серија од 7:0 поведе со 59:53 и до крајот на овој квартал успеа да задржи позитива од пет поени (64:59).

Дури во последната четвртина, дојде ред МЗТ да направи серија со поени. По негативата од 65:68, нашиот претставник стигна до 73:68 на помалку од шест минути до крајот. Сепак, ни Ловќен не се предаде па повторно двете екипи се менуваа во водство, што беше знак за неизвесен финиш. Во последната минута се влезе со резултат 77:77, а потоа беше и 79:79, а гостите преку Поповиќ промашија напад за победа во регуларниот дел.

- Оглас -

Најнови вести