МЗТ Скопје Аеродром потпиша со нов Американец

Американскиот интернационалец Доминез Барнет (28 год, 196 см) е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор до крајот на сезоната.

Барнет е искусен бек-шутер, кој од 2016 година настапува како професионалец во Европа, а претходно бил дел од Девенпорт Универзитетот во НЦАА-лигата. Првото европско искуство му е во тимот на Пардубице, каде што помина една ипол сезона во која беше најдобар стрелец во првенството во Чешка.

По добрите игри во Чешка, Барнет во јануари 2018 година нарави трансфер во летонски Вентспилс, со кого ја освои шампионската круна. Американецот има играно и за италијанскиот Универсо Тревисо со кој беше првак во Серија А2, а беше дел и од рускиот тим Цмоки играјќи во силната ВТБ-лига.

Барнет треба да ја пополни празнината по заминувањето на Тодрик Гочер во Грција, каде што тимот на Месолонги ја плати откупната клаузула во износ од 15.000 евра. Американецот треба да пристигне во Македонија до крајот на неделава и навремено да биде регистриран за настап на вториот турнир од АБА2-лигата во Бања Лука, кој почнува на 18 јануари.

- Оглас -

Најнови вести