МЗТ Скопје Аеродром побара на терен да докаже дека е најдобар, другите клубови не се согласија

Кошаркарското првенство на Македонија сепак нема да се доигра откако речиси едногласно беше одбиен предлогот на МЗТ Скопје Аеродром да се доигра прекинатиот шампионат и да се добие шампион на терен. Од КФСМ стигна извесување дека предлогот на МЗТ Скопје Аеродром бил ставен на изјаснување пред другите претставници на Здружението на Прва лига-мажи, но не добил „зелено светло“.

Раководството на Кошаркарската федерација извести дека врз основа на добиените одговори од страна на сите девет клубови, учесници во натпреварите во Прва лига-мажи (покрај МЗТ Скопје Аеродром како предлагач), кои беа едногласни и ги потврдија претходно изнесените ставови (освен предлагачот КК МЗТ Скопје Аеродром, и КК МЗТ Скопје Уни-Банка), одлучено е дека во овој момент не постојат услови за продолжување на натпреварите во Прва лига-мажи.

МЗТ Скопје Аеродром побара да ја добие титулата за прекинатата сезона затоа што во моментот на прекинот беше лидер на табелата. Во гласањето на сите прволигаши, три екипи беа за МЗТ да биде првак, четири клуба беа против тоа, а три беа воздржани. Тука може да прочитате кој клуб како гласал.

Најголемиот ривал на МЗТ Скопје Аеродром, екипата на Работнички официјално на аеродромци им порача дека титулата треба да се освои на терен, а кога шампионот побара да се одигра плејофот и на терен да се види кој е најдобар, сите клубови го одбија овој предлог со образложение дека нема услови за играње во време на пандемија од корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести