МЗТ Скопје чекор поблиску до враќање во јадранската елита

МЗТ Скопје Аеродром е чекор поблиску до враќање во јадранската елита откако Приморска денес ги ослободи играчите поради недостиг на финансии.  Од претходно се најави новата шанса на македонскиот првак за враќање во АБА-лигата на местото од тимот од Копер, кој е пред распад поради банкрот, а сега е речиси сигурно враќањето на Штрковите.

АБА-лигата побара од Приморска посебни гаранции дека ќе настапи со квалитетен тим, услов кој не е исполнет, по што ќе следуваат ригорозни санкции. Приморска воедно не доби лиценца за настап во словенечкото првенство, што само го потврдува неуспешниот обид да се одржи во живот шампионот од 2019 година.

МЗТ како третопласиран во минатата прекината сезона ја има улогата на прва резерва, која многу веројатно ќе ја искористи во оваа ситуација и ќе се врати во елитата по две години пауза.

- Оглас -

Најнови вести