МЗТ Скопје го задржа перфектниот учинок во Суперлигата

МЗТ Скопје со триумф од 90:75 се враќа од гостувањето кај Блокотехна, во мечот кој се одигра во рамки од седмото коло на Суперлигата. Аеродромци го задржаа перфектниот учинок остварувајќи ја седмата последователна победа во пост-сезоната, а воедно третпат во низа беа подобри од гевгелиската екипа.

Раното водство од +6 поени беше најава дека МЗТ не планира да застане со победничкиот ритам, а Блокотехна во текот на мечот само еднаш успеа да поведе при резултат од 32-30. Со серијата од 11-2 на стартот од последната четвртина, беше јасно дека МЗТ ќе стави нова црта во низата.

Вудард беше одличен и запиша двоен учинок од 22 поени и 12 скока, Иванов додаде 17 поени, а со 16 поени заврши Самарџиски. Од редовите на Блокотехна, Фунденбург се истакна како најефикасен со 23 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести