Пелистер го доби дербито со Охрид и се врати на второто место во Супер лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа со 25-22 на гостувањето кај Охрид и на едно коло пред крајот на Супер лигата се вратија на втората позиција на табелата. Битолчани имаа контрола над резултатот во текот на целиот меч, а најзаслужен за победата беше голманот Никола Митревски со 16 одбрани.

Еурофарм Пелистер и Охрид сега имаат по 50 бода во пресрет на последното коло, но битолчани се во предност, па со победа над Алкалоид во последното коло и дефинитивно ќе завршат на втората позиција.

Вардар, како нов шампион на Македонија, со сигурност ќе аплицира и ќе добие право на настап во Лигата на шампионите, а тоа ќе значи дека вицешампионот ќе игра во групите од Лигата на Европа.

Мечот во Охрид се одигра порано од останатите натпревари од деветтото коло, со оглед дека македонскиот претставник викендов гостува во Унгарија и против Татабања ќе води битка на првиот меч од финалето од Европскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести