Мрежите мируваа по првите 45 минути од финалето на Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, но она што се случуваше надвор од тревникот беше скандалозно.
Навивачите и поддржувачите на Шкендија најпрво воопшто не станаа кога се интонираше химната на Република Македонија, но и жестоко ја исвиркаа.
Во текот на мечот беше објавен и спорен транспарент, сличен на оној кој го објавија навивачите на Тиквеш, на кој може да се види нешто што наликува на амблемот на ФК Вардар, но со буквата „М“ на средината, потоа логото на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но и логото на Шкендија.
Во текот на целото прво полувреме можеа да се слушнат навредливи и националистички скандирања од делото каде што се сместени навивачите на Шкендија, но и топовски удари кои завршија на тартанот на Националната арена во Скопје. Дел од „фолклорот“ беше „ФФМ пе*ери“, „United Albania“ …
Јасно е дека комисиите на ФФМ ќе имаат полни раце работа по финалето од Купот, а Шкендија ќе добие казна за однесувањето на своите поддржувачи.



