Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје вечерва од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го играат првиот четвртфинален дуел од плејофот во АБА2-лигата против Студентски центар.
Според пропозициите, во четвртфиналето ќе се играат два натпревари и пласман на завршниот турнир ќе следната фаза ќе обезбеди екипата која ќе постигне повеќе поени.
Овој дуел воедно ќе претставува и реприза од мечот од последното коло во регуларниот дел од сезоната и кој претставуваше пресметка за четвртото место, а му припадна на Широки со 82:79.
„Плејофот е посебно натпреварување во кое сѐ е можно. Добро го познаваме тимот на Широки. Знаеме дека треба да играме цврсто и агресивно во двата правци од теренот. Ако го сториме тоа и заедно со големата поддршка од нашите верни навивачи, која сигурен сум дека нема да изостане, тогаш може да се надеваме на триумф. Дојдете заедно да го победиме силниот противник“, вели Војдан Стојановски.
На Металците за поубедлив триумф ќе им биде потребна помош од верните навивачи, а управата подготви изненадување за фановите кои вечерва ќе ги бодрат кошаркарите на македонскиот шампион.
„Мотив повеќе (ако воопшто им треба такво нешто на аеродромци) за присуство на вечерашната пресметка против HKK Široki (20 часот) во првиот четврт-финален меч од плејофот во NLB ABA League 2 сигурно ќе биде и доделувањето подароци што ќе го организираме со нашиот голем пријател и спонзор – Mtel_mk.
Тројцата најсреќни ќе добијат мобилни телефони од најдобрата телекомуникациска компанија во државата, а од нивната шутерска прецизност ќе зависи и каков ќе биде подарокот. Првопласираниот ќе добие Xiaomi 11T Pro 8GB/128GB black, второпласираниот ќе добие Realme 9 Pro 5G 8/128GB black, додека третопласираниот телефон од марката VIVO Y 36 8/256G black.
На паузата помеѓу првата и втората четвртина, во публика ќе бидат фрлаат десет маици со логото на нашиот спонзор, нумерирани со броевите помеѓу 1 и 10. Во паузата на полувремето, спикерот ќе повика тројца од десетте гледачи од трибините кај кои завршија фрлените маици. Тие потоа ќе шутираат пет слободни фрлања (носат по еден поен) и три тројки (носат по три поени). Резултатите ќе се забележуваат и соодветно на поените ќе следува рангирање, а потоа и распределбата на мобилните телефони. Доколку има изедначени поени, ќе се шутира по едно слободно фрлање додека не се дојде до победник. Нека победи најсреќниот и најдобриот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.