МЗТ Скопје ја преживеа гостиварската драма и води со 2:0

МЗТ Скопје не дозволи сензација против Гостивар, иако домаќините стопија негатива од 15 поени и беа на прагот на голем пресврт против фаворитот.

Скопјани сепак навреме се разбудија, победија со 92:86 и во петок на свој терен ќе имаат меч топка. Дамјан Стојановски одигра капитенски за МЗТ Скопје, постигна 30 поени со 11 скока, а во финишот погодуваше од линијата за слободни фрлања.

Гостивар од минус 15 на полувремето, успеа да стаса до само два негатива во самиот финиш, но не успеа да израмни на 1:1 во победи.

Иве Иванов беше рамо до рамо со Стојановски и постигна 23 поени со 10 скока и 6 асистенции.

Репрезентативецот Александар Костоски постигна 20 поени со 8 асистенции кај Гостивар, а еден поен повеќе постигна Ефианаи.

 

- Оглас -

Најнови вести