МЗТ Скопје навреме се освести и стана ривал на ФМП Академија во полуфиналето на купот

МЗТ Скопје Аеродром се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, и утре попладне ќе се сретне со ФМП Академија во битка за финале. Металците вечерва го победија Куманово со 100-84, и тоа благодарение на добрата игра во последните шест и пол минути.

МЗТ водеше и со 17 поени разлика на почетокот на второто полувреме, но на 6,46 минути до крајот, борбениот тим на Куманово дојде на само два поени негатива, беше 79-77, но МЗТ со серија поени ја врати контролата и на крај триумфираше. Дамјан Стојановски 20 поени беше најефикасен кај победниците, додека кај Куманово се истакна Отис Ливингстон со 27 поени и осум асистенции.

ФМП денеска го шокираше Пелистер, а утре ќе биде и поодморен од Штрковите, па победата на МЗТ нема да биде загарантирана. Во другото полуфинале играат Еуро Никел од Кавадарци и најтрофејниот Работнички.

- Оглас -

Најнови вести