МЗТ Скопје по најтежок пат ќе го брани трофејот од Купот

Купот на Македонија во кошарка за мажи годинава се одржува по 27-ми пат, домаќин е Гевгелија во салата „26 Април“, а осум тима ќе се борат за трофејот, почнувајќи од денеска до недела.

Четвртфиналните пресметки започнуваат во 13 часот, кога Блокотехна ќе се надигрува со АВ Охрид. Тука Блокотехна е фаворит и не би требало да има проблем да се најде во полуфиналето, во кое би играле со Гостивар или Фени индустри. Гостиварци и кавадарчани играат од 20.15 часот. Победникот од овој меч ќе има малку време за одмор до полуфиналето кое е утре попладне.

Во попладневните термини, Работнички игра со Куманово од 15.15 часот, а бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром ќе започне да го брани ланскиот трофеј против домашниот Кожув од 17.30 часот. Ако успее да го мине Кожув, МЗТ во полуфиналето би се сретнал со засилениот Работнички, кој е фаворит против Куманово, па Аеродромци ќе треба добро да се намачат ако сакаат нов трофеј.

Полуфиналињата се утре, финалето е закажно за в недела, со почеток во 17.30 часот.

Првите два четвртфинални натпревари во машка конкуренција кои ќе се одиграат в петок, како и двата полуфинални натпревари во женска конкуренција кои ќе се одиграат в сабота ќе бидат пренесувани во живо на МОК ТВ. Линковите до преносот можат да се најдат на насловната веб-страница на МКФ. Преостанатите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ).

- Оглас -

Најнови вести