МЗТ Скопје се изедначи со Работнички по бројот на трофеи!

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва го освои Суперкупот со убедлива победа над Феникс 2010 од 76-54. Војдан Стојановски со 13 и Седрик Расел со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Феникс, Даниел Шакур уфрли 18 и беше прв стрелец на средбата.

Ова е шеста суперкуп титула за МЗТ, и освоениот трофеј им помага да се изедначат со Работнички по број на трофеи во самостојна Македонија.

Работнички има пет шампионски титули повеќе од МЗТ, а Штрковите од Аеродром имаат еден куп и четири суперкупови повеќе од градскиот ривал, па сега по бројот на пехари се израмнети.

- Оглас -

Најнови вести