МЗТ врза две победи во АБА2

МЗТ Скопје Аеродром нанижа две победи во АБА2 лигата по триумфот од 80:73 над Широки Брег во третото коло. Босанскиот состав покажа сила во првата четвртина, а потоа на Штрковите им тргна и полетаа кон нов триумф.

Широки ја доби првата четвртина со 24:21, но избраниците на Ѓорѓи Кочов се консолидираа во остатокот од средбата, па веќе на пауза заминаа со +6. Штрковите во неколку наврати имаа двоцифрена предност и највисоки +14, по што кошаркарите на Широки немаа одговор иако се обидуваа да се вратат во игра.

Олујоби со 24 поени го предводеше МЗТ, Стојановски следеше со 15 поени. На другата страна светла точка беше Буљевиќ со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести