На 10 од 13-те мечеви прогнозерите имаат фаворит со над 50 отсто шанси за победа, трите неизвесности се на дерби дуелите

До 15:30 часот има време да се прогнозира за мечевите од 23 коло на Спортска прогноза, а интересно е дека од понудените 13 средби, на дури 10 има фаворити кои се со 50 отсто шанса за триумф.

Од понудените 13 натпревари, трите на кои нема „кворум“ од 50 отсто се трите големи дерби дуели. Сите три големи дебри мечеви се играат утре и тоа две се во Италија, а еден е во Шпанија. Лацио и Рома ќе играат за превласт во Рим, Интер е домаќин на Јувентус во Дербито на Италија, а најголемото дерби во светот ќе се игра на „Камп Ноу“ во кое Барселона е домаќин на Реал Мадрид.

Како во секое коло, така и сега, следуваат подароци за оние кои ќе имаат барем 11 погодоци. За 11 погодени се добива ваучер од Sport Life  од 500 денари, додека за 12-ка тој ваучер е 1.000 денари. За перфектни 13 погодоци, прогнозерот одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X).

- Оглас -

Најнови вести