На 25 мај ќе продолжи уште едно првенство во Европа

Фудбалската лига на Чешка треба да продолжи на 25 мај, откако властите во оваа земја решија да ги намалат мерките кои беа воведени поради епидемијата од корона-вирусот. Клубовите треба да продолжат со тренинзи на 12 мај, што значи дека ќе имаат точно две недели за целосно да се подготват за рестартот.

Според распоредот, во првенството треба да се доиграат уште шест кола од регуларниот дел од сезоната, а потоа остануваат дополнителни пет кола во кои ќе се решава трката за титулата. Идејата е сите фудбалери да бидат тестирани за корона-вирусот, а мечевите ќе се играат без публика.

За да се одигра еден меч, вкупно ќе треба да бидат ангажирани повеќе од 100 луѓе. По досега одиграните 24 кола, Славија Прага е лидер со 58 бодови, пред П’лзењ со 50 и Јабланец со 40 бодови.

- Оглас -

Најнови вести