На 27-ми ноември ќе се промовира нов боречки спорт, борилиштето ќе биде триаголник

Најдобриот бугарски боксер, кој беше и предизвикувач за светската титула во тешка категорија, Кубрат Пулев, ќе има чест прв да учествува во новиот боречки спорт, наречен Тријад Комбат, (Triad Combat), кој ќе биде свовиден микс од правила во боксот и мешаните боречки вештини (MMA).

Првите двобои ќе се одржат на 27 ноември, во тексашкиот град Арлингтон во САД, а за време на спектаклот, како специјален гости публиката ќе ја забавува музичката група Металика.

Борбите ќе се одвиваат во триаголни рингови, а една рунда ќе трае две минути. Борците ќе носат ракавици, а ќе биде дозволено држење, па на тој начин ниту еден борец (боксер или ММА фајтер) нема да има предност. Противник на Кобрата Пулев треба биде некогашниот ММА шампион во две категории, Витор Белфорт, и тоа треба да биде централна борба на вечерта, иако договорот уште не е потпишан.

- Оглас -

Најнови вести