На 30 јануари пристигна во Премиер лигата, а сега е прогласен за играч на февруари

Бруно Фернандеш е фудбалерот кој Манчестер јунајтед се обидуваше повеќе од една година да го доведе на „Олд Трафорд“. Тој посакуван трансфер конечно се случи на 30 јануари, кога Црвените ѓаволи успеаја да го добијат најдобриот играч на Спортинг.

Дека Фернандеш е вистинско засилување за Манчестер, се покажа веднаш по резултатите на англискиот гигант. Од февруари до прекинот на фудбалските првенства, Манчестер одигра девет меча и забележа шест победи и три нерешени. Во Премиер лигата билансот во февруари беше две победи и две нерешени, а најважно од сè е тоа што Манчестер сега игра многу посигурно и нема пораз со Португалецот во составот.

Токму поради овие резултати, Фернандеш ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата за февруари, а во Англија пристигна на 30 јануари.

https://twitter.com/i/status/1239506698865344515

- Оглас -

Најнови вести