На 32 години ја напушти НБА за да им се посвети на Јеховините сведоци

Дарен Колисон после десет години во НБА лигата, ја напушта кошарката и тоа поради верски причини. Некогашниот играч на Њу Орлеанс, Индијана, Далас, ЛА Клиперс и Сакраменто, иако има само 32 години, смета дека е време за пензија, и да им се посвети на семејството и верата.

Во минатата сезона, тој имаше просек од 12,5 поени по меч и можеше летово да добие повеќемилионски договор за следните години, но посветеноста кон јеховините сведоци пресуди Колисон да го остави баскетот.

„Кошарката е мој живот уште од детството, не можев да си замислам дека нешто друго ќе ми донесе поголема радост. Но, има нешто поважно, тоа се семејството и мојата вера. Јас сум еден од Јеховините сведоци и мојата вера ми значи многу. Сакам да волонтирам и да им помагам на другите, како и да учествувам во светската служба. Затоа одлучив да се повлечам од НБА“ – рече Колисон кој за деценија во НБА, заработи 43 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести