На четврти јануари со Србија во „Борис Трајковски“, влезот слободен

Машките сениорски ререзентации на Македонија и Србија во рамки на подготвителниот период за СП 2019 во Германија и Данска, на четврти и петти јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе одиграат две пријателски средби, објавија од Ракометната федерација на Македонија.

Првиот пријателски натпревар е закажан за четврти јануари во 20 часот со директен пренос на ТВ Телма и ќе биде од отворен тип, а влезот во салата ќе биде слободен. Вториот натпревар на Македонија ќе биде од затворен тип.

Ракометната федерација на Македонија ги поканува сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да им дадеме подршка на ракометарите пред настапот на Мундијалот.

Подготовките за СП почнуваат денеска, а според најавите, комплетирањето треба да се случи утре, кога ќе дојдат и селекторот Раул Гонзалес и помошникот Роберто Парондо.

- Оглас -

Најнови вести