Голот на Феде Валверде за водство на Реал Мадрид против Виљареал беше постигнат од акција која започна со несвојствено проигрување од Лука Модриќ од корнер. Хрватот втор натпревар по ред беше стартер за „кралевите“, нешто што не се случуваше минатата сезона.
Модриќ оваа сезона веќе има 12 настапи за Реал Мадрид и собра 560 минути на теренот во Ла Лига, а Карло Анчелоти на прес-конференција доби прашање која е конкретната улога на Модриќ на теренот.
„Секогаш беше и се уште е главен играч во нашата екипа. Не е важно колку минути игра. Тој е клучен за нас.“ – помалку луто одговори Анчелоти.