Маркус Турам беше стрелец на првиот гол за Генгамп во победата на гостински терен против Монако со 2:0, а неговиот одличен потег во 68. минута го турна Тјери Анри во нови проблеми.
Маркус е син на легендата на светскиот фудбал Лилијан Турам, а Анри одлично соработуваше со еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Со Лилијан заедно ја освоија првата светска титула во 1998 година, но синот на Турам вчеравечер немаше многу разбирање за големото пријателство на двете француски легенди.
Турам јуниор одлично ја заврши контрата на Гингамп во 68. минута, а потоа ветеранот Нолан Ру ја заврши работата. Гингамп беше во серија од цели 9 меча без победа, се уште е последен на табелата, но сега му се доближи на Монако на само два бода и е на пет од избегнување на зоната за испаѓање.
Анри го презеде кормилото на Монако од Леонардо Жардим на средината на октомври, но нема добри резултати, ниту позначаен напредок во играта на екипата.
На 14 натпревари во сите конкуренции со Анри како тренер Монако има само 3 победи, двапати ремизираше и претрпе дури 9 порази.