На Бензема му лежи Англија – Петте гола против премиерлигашите на два меча се историски (ФОТО)

Веќе не е потребно да се трошат зборови каков напаѓач е Карим Бензема. Тој во последните сезони, особено во оваа, е лидер на Реал Мадрид, кој и покрај тоа што нема освоено неколку сезони титула во Лигата на шампионите, сега е на чекор од финале.

Французинот на својот 600-ти настап во дресот на Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Манчестер сити со 4:3, но тоа што тој го направи е неверојатно.

Карим има пет погодоци на последните две гостувања во Англија (три против Челзи и два против Манчестер сити) и со тоа стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите со ваков неверојатен подвиг.

Тој исто така стана и првиот играч за Реал кој по Кристијано Роналдо ја надминал бројката од 40 погодоци во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести