На Бензема му поништија гол, Кеси донесе победа за Ал-Ахли во дербито (Видео)

Екипата на Ал-Ахли за која настапуваат Кеси, Марез, Менди и Веига со минимални 1-0 го доби дербито на колото во првенството на Саудиска Арабија против Ал-Итихад на Бензема и Канте.

Единствениот погодок беше постигнат во 31-вата минута кога Франк Кеси со прекрасен погодок успеа да го совлада противничкиот голман.

Во 71-вата минута Карим Бензема постигна погодок за 1-1, но неговиот погодок беше поништен од ВАР.

Со оваа победа Ал-Ахли се израмни со бројот на бодови со Ал-Итихад со по 19, колку што има и Ал-Наср на Кристијано Роналдо. Во водство во првенството на Саудиска Арабија изненадувачки е Ал-Тавон со 22 бодови, два повеќе од Ал-Хилал кој има и меч помалку од лидерот.

- Оглас -

Најнови вести