На Бруно му „пукнал филмот“: Не заслужуваш да го носи дресот на Јунајтед!

Тотенхем на Жозе Мурињо не само што му нанесе тежок и болен пораз од 1-6 на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, туку успеа и да ја наруши атмосферата во соблекувалната на Црвените ѓаволи. Англиски медиуми откриваат „жешка“ расправија меѓу две ѕвезди на Јунајтед, која се случила на паузата од мечот.

Наводно, Бруно Фернандеш ги загубил нервите и гневот го насочил кон капитенот Хери Мегваер, еден од главните виновници за дебаклот. Португалецот не престанувал да го критикува Мегваер и му посочил дека не заслужува да го носи дресот на Јунајтед сè додека Солскјер не одлучи да го остави Бруно во соблекувалната.

Норвешкиот стратег застана во одбрана на Мегваер, го замени Фернандеш со Фред со цел португалскиот играч да ги смири страстите.

Вчера навечер се комлетираше преодниот рок, во кој Црвените ѓаволи доведоа три засилувања во Едисон Кавани, бекот Алекс Телјес и талентираниот Факундо Пелистери, по што се очекуваат подобри резултати на тимот во претстојната сезона.

- Оглас -

Најнови вести