На брутален начин останаа без трофејот: Барди и соиграчите како покосени паднаа на тревата во 94 минута (Видео)

Екипата на Бешикташ е освојувач на Купот на Турција откако во големото финале со 3:2 го победи Трабзонспор. Во екипата од Трабзон целиот меч го одигра капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, но на крајот остана без пехарот.

Трабзон поведе со 1:0, но Бешикташ израмни во последните моменти од првото полувреме. На почетокот на вториот дел Бешикташ погоди за 2:1, а во финишот на дуелот, Пепе со гол во 89 минута израмни на 2:2.

Се чинеше дека ќе има продолженија и драмата ќе продолжи, но во 90+4 минута Ал Мусрати постигна фантастичен погодок за Бешикташ за 3:2 за тимот од Истанбул и победа. Во моментите кога Бешикташ го даде третиот гол, речиси сите фудбалери на Трабзонспор разочарани од фактот дека останаа без трофејот, паднаа на тревата.

За Бешикташ ова беше 11 куп трофеј, додека Трабзонспор остана на девет пехари во Купот, каде рекордер е Галатасарај со 18 шампионски радости.

 

 

- Оглас -

Најнови вести