На чекор се од фајнлфор во ЛШ: Барселона му одржа лекција на Флензбург, и тоа во Германија

Екипата на Барселона е на чекор од пласман на фајнлфор-турнирот од Лигата на шампионите откако славеше на гостински терен против Флензбург, и тоа со убедливи 33:29.

Каталонците практично работата ја завршија уште по првите 30 минути, кога имаа убедлива предност од 18:13 за вториот дел да биде само чиста рутина, иако во неколку наврати имаа и плус седум.

Од победничкиот тим, Катарецот Јусеф Бенали имаше блескав настап со осум погодоци, додека зад него следуваше Дика Мем со шест.

Реваншот во Каталонија меѓу овие две екипи ќе се игра за осум дена. Од 20:45 часот, пак, на мегдан ќе биде мегадербито меѓу ПСЖ и Кил.

- Оглас -

Најнови вести