На Де Бур му олесна: Убаво е да се победува

На Франк Де Бур му олесна откако ја предводеше селекцијата на Холандија до прва победа по пет меча по седнувањето на селекторското столче. Со сигурни 3-1 Лалињата славеа против Босна и Херцеговина, а по мечот Де Бур истакна дека е убаво да се победува.

„Секако дека е убаво да се победува, особено што останавме во трка да ја освоиме групата, како и тоа дека остануваме во првиот шешир за квалификациите за СП. Одигравме доста добар натпревар со брз проток на топката и многу трчање. Во тие сегменти бевме проблематични во претходните настапи, но не и сега. Знаевме дека мора да притиснеме во првите 25 минути и го сторивме тоа, па така дојдоа и головите. Сепак, мора да се поправиме во користењето шанси, креиравме премногу, а искористивме само три од нив. Среќа за нас е што противникот не ги казни нашите промашувања“, посочи Де Бур по мечот.

Во последното коло од Лигата на нациите, Холандија гостува во Полска.

- Оглас -

Најнови вести