На денешен ден пред 33 години Панчев и Најдоски станаа европски шампиони (Видео)

Точно пред 33 години, Црвена ѕвезда, за која тогаш играа Дарко Панчев и Илија Најдоски, го оствари најголемиот успех во клупската историја, стана европски шампион.

Црвено-белите на 29 мај 1991 година во Бари на стадионот „Свети Никола“ во финалето на тогашниот Куп на европски шампиони го совлада Олимпик Марсеј по подобро изведување пенали откако по 120 минути игра немаше голови.

Во пенал-рулетот, Црвена ѕвезда славеше со 5:3, а голот кој Црвено-белите ги искачи на фудбалскиот кров на Европа го постигна Дарко Панчев. Голманот Стеван Стојановиќ е херој во пенал-рулетот бидејќи му го одбрани пеналот на Мануел Аморос.

Покрај Панчев, прецизни од белата точка беа и Просинечки, Биниќ, Белодедиќ и Михајловиќ.

За Црвена ѕвезда играа Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ (Стошиќ), Биниќ.

Црвена ѕвезда на патот до титулата беше подобра од Грасхоперс (1:1, 4:1), Глазгов ренџерс (3:0,1:1), Динамо Дрезден (3:0,2:1) и Баерн Минхен (2:1,2:2).

 

- Оглас -

Најнови вести