На денешен ден пред 45 години, Кројф првпат го изведе фамозниот дриблинг (видео)

Постарите генерации многу подобро паметат каков фудбалски мајстор беше Јохан Кројф. Пионерот на популатниот „тотал фудбал“ кој денешно време го негуваат екипи како Барселона, Ајакс, а го копира и Манчестер сити, со топката правеше вистински магии во време кога фудбалот се играше многу поразлично од денес.

Пред точно 45 години на овој датум, 19 јуни, на Мундијалот во Германија во 1974 година во второто коло од групите се сретнаа Холандија и Шведска. Мечот заврши со реми без голови, а најмногу што се памети од таа средба е фамозниот дриблинг на Кројф кој до ден денес го носи неговото име, „ролингот на Кројф“. Тогашниот играч на Барса со едноставно вртење и криење на топката премногу лесно се ослободи од дефанзивецот Јан Олсон.

Легендарниот Холанѓанец на тој меч за првпат го направи потегот, а присутните на стадионот, како и оние пред малите екрани ги остави во неверување. Денес не постои фудбалер кој не се обидел да го копира овој потег на Кројф.

- Оглас -

Најнови вести