На денот кога Роналдо и Ал-Наср играат дерби кое мора да го добијат, се појавија шпекулации дека Португалецот сака да си замине од Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо со својот Ал-Наср на домашен терен игра против Ал Шабаб во дербито од 28-мото коло на првенството во Саудиска Арабија. Ал-Наср е втор со 60 бодови, три помалку од лидерот Ал-Итихад, кој вечерва треба да има лесна задача на свој терен против последнопласираниот Батин. Ал-Шабаб е трет на табелата со 53 бода.

Ал-Наср сезонава дома има 10 победи и три ремија без ниту еден пораз, но ако се гледаат резултатите од последните пет средби против Ал-Шабаб, се во подредена ситуација. Ал-Шабаб има три победи, еден меч завршил нерешено, а Ал-Наср се радувал само еднаш.

Откако дојде во Ал-Наср, Роналдо одигра 17 средби во кои постигна 13 гола, а веќе започнаа и шпекулации дека Португалецот размислува да си замине иако има договор до крајот на следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести