На Дибала му беа потребни само четири минути во дресот на Рома за да го изведе „најлошиот корнер во историјата“ (Видео)

Пауло Дибала дебитираше во дресот на Рома, а иако Римската волчица убедливо со 5:0 го доби дуелот против Шахтар Донецк, аргентинскиот репрезентативец имаше еден потег поради кој многумина го нарекоа „најлошо изведен корнер во историјата“.

Само по четири минути игра, беше досуден корнер за Рома, а Дибала реши да го изведе ударот од аголот. Сепак, наместо да нафрли, топката заврши далеку во гол-аут.

Подоцна се забележа дека Дибала едноставно „заринкал“ со копачката во тревата и затоа не успеа да испрати добар центаршут.

- Оглас -

Најнови вести