На домашен терен ја загубија титулата во последното коло, а беа пречекани од стотина навивачи (Видео)

Екипата на Универзитатеа Крајова пропушти историска шанса, откако синоќа на свој терен загуби од Клуж со 3:1 во мечот кој решаваше за титулата во Романија. Поради притисокот од УЕФА до 3 август да биде познато името на шампионот, во Романија решија дуелот меѓу двете најдобри екипи да биде како финале за титулата.

Крајова играше дома, имаше водство од 1:0, но на крајот загуби со 3:1. Фудбалерите на Крајова беа разочарани, бидејќи и пред стадионот нивните навивачи чекаа да се радуваат на титулата.

Иако фановите беа разочарани, тие не сакаа да ја најдат вината кај нивните миленици. Стотина фанови на Универзитатеа Крајова со аплаузи ги пречекаа фудблаерите кои не успеаа да станат прваци и сите заедно пееја песни за клубот кој на крајот заврши како втор во Романија.

- Оглас -

Најнови вести