Не требаше да се шутираат пенали – Клуж трета сезона по ред е првак на Романија

Екипата на Клуж е староновиот првак во Романија, откако вечерва со 3:1 победи на гости кај Универзитатеа Крајова. Ова беше дуел на двата клуба кои се бореа за тронот. Поради немањето време да се доиграат сите мечеви во првенството, челниците на романската федерација решија овој меч да биде решавачки за трофејот.

Доколку немаше победник, ќе се играа продолженија, а можеше да има и пенали. Сепак Клуж не дозволи толкава драма и победи по 90 минути. Мечот почна добро за Универзитатеа Крајова која поведе по само 10 минути игра. Клуж израмни во 36 минута, а во вториот дел гостите направија целосен пресврт.

Боли и Деац погодуваа во второто полувреме за триумф од 3:1 на Клуж и вкупно шеста титула за овој клуб во романското првенство.

- Оглас -

Најнови вести