Во стандардниот саботен термин за Премиер лигата, 16 часот, денеска се одиграа само два натпревари на кои беа постигнати дури 11 гола.
Во дуелот на двете најслаби екипи, Барнли со убедливи 4:1 го совлада Шефилд јунајтед и го испрати во Чемпионшип дивизијата. Барнли со триумфот и трите бода ги задржа шансите за опстанок во Премиер лигата, на четири кола до крајот на сезоната, сега е претпоследен со 23 бода, два помалку од Лутон, а три од Нотингам форест кој се наоѓа на позицијата кога гарантира опстанок.
Брин Ласер, Асињон, Фостер и Гудмундсон ги постигнаа головите за Барнли, додека почесниот гол за Шефилд јунајтед го постигна Хамер на стартот од второто полувреме.
Брентфорд со убедливата победа од 5:1 на гостувањето кај Лутон, направи голем исчекор кон опстанокот во Премиер лигата. Брентфорд на четири кола до крајот има 32 бода, седум повеќе од Лутон кој е 18-ти.