На Едерсон му беше досадно – Не му шутнаа на гол, па „фати“ да ги дрибла (Видео)

Едерсон, голманот на Манчестер сити, одлучи дека му е доста од дремката на голот против Вулверхемптон, па во финишот на мечот одлучи малку и да ги дрибла противниците, кои речиси и не му шутнаа во малку повеќе од 90 минути игра.

Едерсон е еден од најдобрите голмани на светот, а особено добро игра со нога, што му е дополнителен квалитет, а вчера презентираше дел од талентот. Во бразилски стил, тој потврди дека можел да биде и одличен фудбалер ако не се одлучел да брани.

Погледнете го „излетот“ на Едерсон во 85-тата минута од дуелот меѓу Манчестер сити и Вулверхемптон, на кој победи актуелниот шампион на Англија со 3-0.

 

- Оглас -

Најнови вести