На ЕП ќе играат и десетмина фудбалери кои се родени на американските континенти

На Европското првенство ќе настапат и натурализирани фудбалери кои се родени надвор од Европа, а играат за европски селекции. Така, на ЕП ќе се појават десетмина фудбалери кои се родени во Северна, Средна или Јужна Америка. Меѓу нив доминираат Бразилците, но има и играч кој е роден во егзотична земја како Гвадалупе.

Од шесте Бразилци, дури тројца играат за Италија. Тоа се: Жоржињо, Емерсон и Рафаел Толои. Португалија го има ветеранот Пепе, во редовите на Русија е Марио Фернадеш, додека дресот на Украина го носи Марлош.

Англичанецот Рахим Стерлинг е роден во Јамајка, Финецот Хамалаинен е роден во САД.

Има двајца учесници на ЕВРО 2020 кои се родени во мали земји кои се на американските континенти. Станува збор за францускиот голман Маињан, кој е роден во Француска Гвајана, и Лемар, кој игра за Франција, а роден е во Гвадалупе.

- Оглас -

Најнови вести